Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 11 јули во 19:00 часот во просториите на КИЦ беше реализирана промоцијата на Дуо Скупи и на нивниот компакт диск, со најнов музички материјал. Дуо Скупи пред публиката во Софија ги претстави директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, г-н Васко Шутаров.
Јета Старова-Мехмети на флејта и Ермал Мехмети на виолина, го чинат дуото Скупи коe изминативе години имаше серија успешни настапи ширум Европа и САД. Добитници се на бројни меѓународни награди, како и на високата награда во Р.Македонија "Мајка Тереза". Дуо Скупи досега има остварено и повеќе настапи во Р.Бугарија, а на промоцијата се претставија со музички материјал од компакт дискот "Дуо Скупи", како и со музички теми од следниот компакт диск кој е во подготовка.
Kултурно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија изразува посебна благодарност за досегашната 4 годишна професионална соработка со г-ѓа Јадранка Чаушевска - Димов, министер-советник во Амбасадата на Р.Македонија во Р.Бугарија.