На 4 април (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази, која излезе во превод на бугарски јазик како издание на издателство КВЦ.
Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност.
Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности.
Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси.
На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања - гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко...
Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното (тој ја играше главната улога во The Forgiveness of Blood, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година). Автор е на два романи како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои моментално играат на театарските сцени во Северна Македонија.