КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
8 Sep 2022 - 18:30

На 8 Септември 2022 од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Книгата излезе од печат оваа 2022 година како издание на издателство „Книги за сите“ од Софија, а преводот на бугарски јазик го направи Деница Проданова.

За литературното дело, во присуство на авторот Александар Прокопиев, пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија ќе говорат издавачот Пламен Тотев и познатиот бугарски писател Алек Попов. Делови од книгата ќе чита режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика.

Со овој литературен настан КИЦ на РСМ во Софија симболично го одбележува Денот на независноста на македонската држава – 8 Септември.

 

***

Александар Прокопиев

ЧОВЕЧУЛЕЦ

(бајки од левиот џеб)

Оригинален, со чувство за хумор и интелектуален, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал шармантна и духовита книга која ќе не придобие и ќе ни даде уникатно доживување како читатели.

Тој раскажува за вината и простувањето, за тежината на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи наративи со приказни, легендарни и митолошки митови. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни покажува светот преку погледот на грозното вонбрачно дете, на човек со едно крило кој се претворил во цар на птиците, на странец кој опитомил змијче, на алхемичар кој се обидува да создаде човече во стакленица.

Роден 1953 година во Скопје, Александар Прокопиев завршува Компаративна книжевност и теорија на литературата. Тој го олицетворува постмодернистичкиот флуид во Северна Македонија. Има издадено дваесетина книги, преведуван е на многу јазици. Името му е споменато во Енциклопедијата на Сорбоната Les Lettres Europeanennes заедно до имињата на Орхан Памук, Херта Мјулер, Елфриде Јелинек. Арт директор е на Меѓународниот литературен фестивал PRO-ZA Balkan, член е на Македонскиот ПЕН и на Друштвото на независни писатели.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30