На 23 декември 2024 во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа промоцијата на книгата „Едно лето на Никола“ од македонскиот писател Марјан Патлиџанковски.
По поздравното обраќање од страна на директорот проф. д-р Зоран Пејковски и советничката во македонската Амбасада во Софија г-ѓа Пејка Трајановска, промоторот на македонското издание проф. д-р Кристина Николовска говореше за квалитетите на романот за деца од Патлиџанковски.
На крајот од вечерта, присутните гости задаваа прашања на авторот и имаа можност да се здобијат со примероци од наскоро издадената книга.