Исполнета со многу љубов и топлина, оваа книга е за една мајка која го посветила својот живот на преживувањето на нејзините деца и семејство. Нејзината судбина е индикативна на фонот на големите катаклизми на Балканот во ХХ век, кога границите меѓу државите се менуваат, власта се променува, се создаваат и паѓаат империи, а цели семејства се принудени да станат емигранти, за да преживеат. Границите на Балканот се толку променливи што и самата Ервехе доста често неможе лесно да разбере каде започнува и каде завршува туѓината и каде – татковината.
Во деновите кога некои – и тоа многумина- се обидуваат да ги извалкаат со кал ликовите на Жената и Мајката, Луан Старова создаде книга која е нивна пофалба. Сега, кога се клатат темелите на семејството, тој напиша: „Ќе биде направено најмногу за светот, ако секој го сака своето семејство“
Книгата на Луан Старова е како високо дрво, пуштило корени во земјата на Балканот.
Луан Старова е македонски писател од албанска националност, професор по француска литература, заменик-претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Неговите книги се преведени на многу јазици и имаат добиено големи литературни награди: „Роман на годината“, „Рацинова награда”, „Стале Попов“, „Жан Моне” за најдобар европски роман „Ангелус“ за најдобар роман во Централна и Источна Европа...