Вечерта на 11 јануари 2024 во Малата сала на Центарот за култура во Куманово се одржа промоцијата на книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев
Литературните дела беа претставени пред публиката во Куманово од Петар Андоновски, Нове Цветаноски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.
Ова успешно претставување на книгите од двајцата значајни автори за македонската и бугарската литература се одржа во присуство на самите Сашо Кокаланов и Пламен Тотев, и ја претходи промоцијата во ФДУ – Скопје, на 12 јануари 2024 година.