На 12 јануари 2024 во Бифето на Факултетот за драмски уметности се одржа промоцијата на книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.
Литературните дела, пред публиката во Скопје, беа претставени од Нове Цветаноски, Стојан Синадинов, Сашко Насев и Александар Прокопиев.
Промоцијата во ФДУ – Скопје беше посетена од бројни посетители, писатели и пријатели на двајцата автори. Вечерта помина во пријатна и позитивна атмосфера.