Во КИЦ на РСМ во Софија на 20 март 2024, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова. Книгата која излезе од печат оваа 2024 година, како издание на Издавачка куќа „Изида“, ќе биде претставена од уредничката Елеонора Тодорова и преведувачот Маријан Петров.
Вечерта ќе започне со видео обраќање на 88-годишната авторка кон присутните во галеријата на македонскиот културен центар во Софија. „Дури кога ја напишав книгата „Адамовото ребро“ сфатив дека всушност е моето длабоко барање на себе си. Барањето на себе си никогаш на минува без учество на другите, затоа сум длабоко благодарна на сите познати и непознати, современици и несовременици, сонародници и несонародници.“ напиша Оливера Николова кон бугарското издание на нејзината книга.
Повеќе информации за „Адамовото ребро“: https://kic.com.mk/bg/content/predstavyane-na-romana-adamovoto-rebro-ot-olivera-nikolova