КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на романот „Емотивен манипулатор“ од Ксенија Николова во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
30 Jun 2021 - 18:30
Промоција на романот „Емотивен манипулатор“ од Ксенија Николова во КИЦ на РСМ во Софија (банер)

На 30 јуни, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на романот „Емотивен манипулатор“ од младата македонска писателка Ксенија Николова. Романот „Емотивен манипулатор“ на бурагски јазик излегува како издание на издателство „Книги за сите“ („Книги за всички“) во 2021 година.

- Погрешно вљубување во погрешен човек на погрешно место и во погрешно време. „Емотивен манипулатор“ на македонската писателка Ксенија Николова е многу повеќе од љубовен роман. Во него сè е наопаку и големата љубов е измама. Тоа е една приказна за моментите, во кои си мислиме, дека треба да се откажеме. И за тоа колку непредвидлив е животот, но и истовремено дека може повторно да е убав.

Амбициозна и енергична, Катја има успешна кариера во маркетинг компанија, зборува на неколку јазици – сето тоа и проектира неверојатна иднина. Но еден маж, во кого страсно се вљубува, променува сè во нејзиниот живот. Дали под неговиот притисок ќе земе правилно решение да замине или не за Италија, можност која и е предложена од фирмата? Сите критики како стрели летаат кон неа. Како да разбере кога греши и кога не? Дали тој нема подмолно да ја оддалечи од нејзините најблиски луѓе, за да и биде единствен во животот?

Што можеш да направиш кога си на дното? Дали не треба да се промениш и да ги сфатиш многуте животни вистини, да се бориш и да победиш? Затоа што животот те очекува со насмевка и со готовност за прегратка. Ако ја бараш светлината, никогаш не си изгубен.

Во Бугарија, во Варна, наоѓа тивко местенце, клиника, во која се лекуваат луѓе со депресии, зависни од дрога и алкохол, фобии, пробале да се самоубијат. На брегот на морето, веќе со нови мисли и разбирања за животот, целосно променета, сфатила многу вистини од животот, Катја започнува да се бори за своето здравје.

Кое е нај неочекуваното нешто, со кое ќе се сретне таму? Дали го заслужува? Достојна ли е да го добие? Дали успева да се трансформира? Дали сите несреќи кои ги преживеала, ќе бидат нејзини учители? Наоѓа ли одговор на прашањето кое постојано си го задава?

„Емотивен манипулатор“ е роман за хаосот и за лудиот натпревар, со кои минува животот на човекот; за сите остварени и неостварени сонови; за вербата и смелоста, кои треба секој да ги поседува; за стравот и начинот, на кој да го преодолееме и отфрлиме, за да се чувствуваме комфорно во сопственото тело; за промената која е потребно секој од нас да ја направи. „Не можеш да го промениш светот, но можеш да се промениш себе си.“

Книгата е прирачник за животот; за начинот, на кој да го градиме и живееме, без да штетиме на самите себе си и на луѓето кои ги сакаме и кои нас не сакаат; за вистинското и преданото пријателство. Книга, која докажува дека сè е возможно, доволни се само сили и храброст, за да се справиме пред сè со самите себе, да бидеме силни и смели, зашто: „… среќата ги следи смелите.“

Ксенија Николова е неверојатен психолог кој умее да вникне во најтемните и затаени катчиња на човековата душа, да го открие страдањето и болката, да даде куп совети и одговори на прашања, кои многу луѓе си ги задавале и се пробувале да разрешат.

Ксенија Николова е македонска писателка и автор на шест книги, инспирирани од животот, паѓањата и воздигнувањата на секој човек. „Емотивен манипулатор“ е еден од најчитаните романи во Македонија со кој Ксенија прави голем исчекор напред во својата кариера. Варна присуствува во романот, затоа што таму навистина има центар кој предлага терапии на луѓе, исправени пред длабоки психолошки проблеми.

Ксенија силно верува во добивањето на нова шанса за живот и затоа преку своите романи сака да ги охрабри луѓето да не се предаваат, да се борат за својот живот и да не се чувствуваат сами.

Ксенија говори отворено во социјалните мрежи за својата борба со депресијата, од која излегува како победителка, и вели дека во последните две години живее нов, подобар живот. Таа ја претвора својата болка во уметност, со кое сака да ги разруши стереотипите и да ги охрабри луѓето да се радуваат на разновидноста и да веруваат во подобрата иднина.

Таа е среќно омажена за маж, кој е и најдобриот нејзин другар и со кого се радуваат на љубовта, а кога тоа изгледа невозможно, не се откажуваат.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31