На 14 мај 2024 во галеријата на македонскиот КИЦ во Софија се одржа промоцијата на романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски.
За делото на македонскиот автор Кујунџиски говореа бугарскиот издавач и литературен критичар Пламен Тотев – сопственик на издавачката куќа “Персеј’, како и преведувачот на романот Маријан Петров. За романот „Сфинга на гневот“ говореше и самиот автор, Жарко Кујунџиски, кој додаде и дополнителна информација за создавањето на романот и начинот на неговото пишување по време на пандемијата од Ковид-19.
Македонската амбасадорка во Бугарија Н.Е. Агнеза Руси Поповска, во улогата на домаќин на настанот, ги поздрави присутните и посака уште многу вакви настани кои ги зближуваат општествата на двете држави и особено ја истакна важната улога на поединци во таа мисија.
Вечерта помина во пријатна атмосфера, а присутните имаа можност да добијат автограм од авторот и да поразговараат долго за литературата и издаваштвото во двете земји.