КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоцијата на книгата „Му” – избрани беседи на Кану - Перица Георгиев

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
27 Jan 2022 - 18:30

На 27 јануари, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Му” – избрани беседи на Кану - Перица Георгиев

Пронајди кој си со „Му”!

На 27 јануари ве покануваме на промоцијата на книгата на Кану - Перица Георгиев - Пепси. Предавања и параболи од Зен будизмот за најважната задача во човековиот живот - будењето!

Предавањата на Пепси со голема трудољубивост ги собирала неговата ученичка Дурга, која по низа перипетии во животот го нашла својот духовен учител, а со него конечно - мир, мудрост и сладост во животот.

„Човекот од раѓање доаѓа во семејство од кое се воспитува; постојат односи кои исто така го обликуваат; а потоа почнуваат да го туркаат од секаде да ги прави работите што обично ги прават сите. Тој се судира помеѓу поимите за добро и лошо. Се обидува да ги задоволи сите, но како магарето на Буридан, тој никогаш не достигнува до морковот, затоа што барањата на другите растат и во оваа трка со околниот свет и никогаш не забележува кога ќе помине животот пред да започне“, вели Дурга. И додава: „Освен ако не сретнеш некој кој целосно би ја променил насоката. Во своето бескрајно сочувство и љубов, Бог може да се манифестира во животот на човекот преку Учител кој ќе му помогне да ги реализира своите духовни вредности и да блесне со сјајот на неговата вистинска природа“.

Суштината на учењето на Кану е Свеста. Тој вели: "Свеста е Бог!" Длабока свест за вистинското јас, кое е надвор од секоја религиозна припадност. На трагачите по вистината, Кану им укажува на вратите што можат да го одведат надвор од сите аранжмани и да му дадат трансцендентално искуство. Дали човек ќе помине низ нив, како и кога, зависи од неговата искреност и длабочина, од неговата посветеност и бескомпромисност со незнаењето. Затоа што, вели Кану, „Вистината е наједноставната работа и само поради сложеноста на нашиот ум не можеме да ја доживееме!“

Перица Георгиев е роден 1957 година во Скопје. Во 1987 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во родниот град. Тој е еден од основачите на групата Зеро, која беше активна во 1980-тите, остави значајна трага во македонската уметност. Своите дела ги има презентирано во Бугарија, Германија, Холандија, САД, Македонија и на територијата на поранешна Југославија.

Во 1990 година бил примен како ученик на Шри Чинмој. Следуваат 11 години учеништво. Во моментов Перица Георгиев живее и работи во Бугарија, каде што бил испратен да создаде и разработи центар за медитација, да ги научи луѓето на нејзините мистерии, да го сподели своето искуство и да им помогне на сите кои се жедни да откријат и да пијат од изворот на живата вода. Повеќе од 25 години, со истата љубов и посветеност со која пристапувал кон сопствената потрага, се посвети на тоа да ги инспирира своите ученици.

Велат дека да најдеш учител да ти ја покаже светлината е исто како да гледаш ѕвезда среде бел ден. Можеби зборот на Кану ќе биде оваа ѕвезда водилка и за вас. Следете ја Светлината која води до изворот на чистата љубов.

Повелете на 27 јануари за да го стоплите измрзнатото срце со топлината на учителот, да ја изгасите жедта на вашата душа за мир и радост.

Настанот ќе се одржи при строго придржување до мерките за справување со COVID-19. За присуство се задолжителни сертификати за вакцинација, прележаност или тест.

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31