На 23-ти Јули 2019 година во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, беше отворена изложбата „Магијата на цветовите“ од Тасим Кадрија. Самата изложба е дел од програмата на нашето министерство за култура. Претставени се околу триесет слики кои што според авторот се инспирирани од „ритамот, бојата и енергијата на пејсажот на природата“.
Г-дин Кадрија е сликар од Слупчане, Северна Македониja и изложувал повеќе пати во Бугариja, но оваа изложба имаше исклучителен успех. Со голем број публика и почитувачи на уметноста и пријатели на КИЦ, како и дипломати и негови колеги од Софија, изложбата ја отвори директорот на КИЦ на РСМ д-р Сашко Насев, потенцирајќи го значењето на творештвото на г-дин Кадрија како и неопходноста на жива комуникација на современата култура што се создава во Северна Македонија и Бугарија. Посебна чест на настанот му дадоа големите бугарски уметници од областа на музиката, литература, театарот итн.