На 1 април во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена самостојна изложба на нашиот познат ликовен уметник Томе Мишев. Изложбата која заеднички ја организира Нaционалната галерија на Македонија и нашиот Културен центар во Софија ја отворија директорите на двете институции Маја Неделковска-Брзанова и Васко Шутаров. Ова беше второ самостојно претставување на нашиот ликовен уметник, после неговата прва самостојна изложба во главниот град на Бугарија, во 1999 година. Мишев на изложбата се претстави со 14 дела, во кои преовладуваат теми од топлото поднебје на неговото потекло и работно творештво.