Седмицата на македонскиот филм ќе се одржи во Кино Одеон, во Софија, од 21 до 27 јануари 2019 година. Во рамките на деновите на проекции ќе се прикажат 5 долгометражни и 8 краткометражни македонски филмови.
Програмата започнува со отворањето на Седмицата на македонскиот филм на 21 јануари од 18:30 часот во Кино Одеон, со проекцијата на филмот „Исцелител“. Наредниот ден, на 22 јануари од 18:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Кога денот немаше име“.
На 23 јануари, со почеток од 18:00 часот, ќе се прикажат краткометражните филмови „Еклер“, „Dolores“, „Види ја ти неа“ и „Децата ќе дојдат“. На 24 јануари, со почеток од 18:00 часот, ќе следи вториот блок краткометражни филмови: „Пепи и Муто“, „Амби“, „Тие доаѓаат од центарот на светот“ и „Коливо“
На 25 јануари од 18:00 часот е филмот „Враќање“. На 26 јануари од 17:00 часот е филмот „Џган“, а на 27 јануари (недела) од 17:00 часот е затворањето на Седмицата на македонскиот филм со проекцијата на филмот „Gipsy Magic“.
Седмица на македонскиот филм во Софија е плод на соработка меѓу Кинотеката на Македонија и Бугарската национална филмотека.
Дополнителна информација за филмовите и билетите на http://bnf.bg/bg/odeon/accents/3104/591/ и касата на Кино Одеон во Софија.