Одличен настап на „Сетстат“ во соработка со г-дин Цветан Цветанов и БНР на „Аларм панк џез“ во Софија.
Во Националната палата на култура во клубот „Софија лајв клуб“ во Софија синоќа концерт одржа македонска џез група „Сетстат“, на кој беа промовирани песните што ќе бидат дел од нивниот нов 11-ти албум.
Концертот се одржа во рамките на фестивалот „Аларм панк џез“ на Бугарското национално радио, кој е посветен на размената и зближувањето меѓу џез групите од Бугарија и Северна Македонија.
Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија е традиционален партнер.
Џез групата е составена од музичарите Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани.