На 15 јуни во полн салон на Музичкиот центар "Борис Христов" во Софија, солистички рецитал одржа нашиот оперски уметник Кристијан Антовски. Во пијано придружба на Андреј Наунов, Антовски се претстави со дела на G. Handel, M. Glinka, W.A. Mozart, R. Leoncavallo, G. Donizzetti, G. Verdi, T. Прокопиев и со неколку аранжмански обработки од Андреј Наунов на традиционалните "Си заљубив едно моме" и "Болен ми лежи Миле Поп Јорданов". Пред бројната публика во Софија, нашите уметници ги претставија Васко Шутаров во име на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија и Елена Драгостинова од име на Музичкиот центар "Борис Христов". Концертот се одржа во рамките на Тринаесеттиот Фестивал на уметностите на кој Р. Македонија, претставена од нашиот Центар во Софија, учествува по четврти пат.