На 6 Ноември 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се одржа концерт на соло виолина насловен како „Магична барокна вечер“. Овој беше 11-ти концерт за оваа сезона како дел од годинашната програма на Министерството за култура на Република Македонија, беше изведен од младата и афирмирана виолинистка Наташа Диденко од Скопје, во рамки на активностите на КИЦ на РМ во Софија.
Концертот се состоеше од изведба на дело од германскиот композитор Георг Телеман кое е за соло виолина и припаѓа на европското музичко творештво од 18-ти век. На концертот беа присутни многу колеги музичари, угледни пријатели на КИЦ и дипломати. Самиот концерт го отвори д-р Сашко Насев, директор на КИЦ на РМ, а публиката ја поздрави и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев.