Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија, д-р Владо Бучковски, на 11 декември 2020 г. го посети КИЦ на РСМ во Софија.
Делегацијата која се состоеше од вршителот на должност во Амбасадата на Северна Македонија во Република Бугарија, г-н Владимир Крстевски, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, г-н Зоран Попов и д-р Владо Бучковски ја разгледаа поставената изложба „Метафизички слики“ на ликовниот уметник Иво Пецов.
На средбата со директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев, беа дискутирани можностите за подобрување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.