На 6 Декември 2019 година се одржа средба на директорот на НУЦК Куманово, Сашо Тодоровски со заменик министер за култура на Република Бугарија, Румен Димитров, на која се разговараше за продлабочување на културната соработка помеѓу двете држави и средба со директорот на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, Калин Срменов при што му беше врачена наградата од Фестивалот Денови на комедија 2019 за најдобра претстава по гласовите од публиката.