На 11 мај 2016 година, во 70 европски градови, во 12 градови во Р. Бугарија и на 15 различни места во Софија, се одржа Петтата Европска литературна ноќ, на која КИЦ на Р. Македонија во Софија учествуваше по четврти пат. Во просторот наречен "Склад", ул. Г. Бенковски 11, беа интерпретирани стихови од Славе Ѓорго Димоски, од неговата стихозбирка на бугарски јазик "Последните ракописи". Стиховите ги интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.