КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български
Македонски

Свечено одбележување на петгодишнината на КИЦ на Р. Македонија во Софија. Промоција на книга со книжевен портрет на Гордана Бошнакоска

Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, на 20 април во 18:00 часот, во просториите на КИЦ, се одржа поетска вечер посветена на македонската поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска. Поетската вечер е организирана по повод одбележувањето на петгодишнината на КИЦ на Р. Македонија во Софија. За творештвото на Гордана говореја македонскиот поет Михаил Ренџов, Ана и Анго Бојанови, Роман Кисјов, со учество на артистот Вели Чаушев и македонскиот гитарист Миле Каровски.

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена 1940 г. Во Битола, но живее во Скопје. Долги години работела како уредник во Македонската телевизија. Била стипендиант на Фулбрајтова стипендија во САД – за креативна литература.
Автор е на книгите поезија: “Времето го нема” (1965), “Писма” (1974), “Влегување во Делта” (1981), “Њујорксон” (1993), "Нордиски љубовници” (1993), “Планини од картонски кутии” (1997) - награда “Браќа Миладиновци” на Стружките вечери на поезијата - 1998 г., „Пораките на далечините” (2001), "Толкуване на Морето” (2008), "Безкрајното” (избрано, 2008) и "Докази” (2009). Исто така е автор и на проза: ”Босфорско лето” (1984, разкази) и ”Барање на прикаска” (2001, роман).
Член е на Друштвото на македонските писатели и на Македонскиот ПЕН-центар. Нејзината поезија е преведена на многу јазици. Вклучена е во поетски антологии во Македонија и во странство, влучително и во Бугарија.

Свечено одбележување на петгодишнината на КИЦ на Р. Македонија во Софија. Промоција на книга со книжевен портрет на Гордана Бошнакоска (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30