КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

„Свето слово“ гостува на македонскиот КИЦ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
29 Мај 2021 - 18:00
„Свето слово“ гостува на македонскиот КИЦ во Софија (банер)

Македонски и бугарски поети – учесници во 15-то издание на Мајските средби на словенските творци „Свето Слово“ Бургас ќе го претстават своето творештво во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Настанот ќе се одржи на 29 мај од 18:00 часот, како финален акцент на програмата на овогодишниот поетски маратон, кој секоја година се одржува во Бургас.

На настанот во КИЦ ќе прозвучат стихови на истакнатите и талентирани автори од Северна Македонија Даниела Андоновска-Трајковска, Соња Серафимовска и Ѓорги Калајџиев, а исто така и на бугарските поетеси Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.

Роза Бојанова, која е меѓу основачите на „Свето Слово“ ќе ја претстави својата книга „Обратна гравитациjа“, која наскоро излезе во издание на „Макавеj“, Скопие, во превод на Бранко Цветкоски.

Наталија Недјалкова ќе чита од својата стихозбирка „Стапица за поетски соништа“, која ја напиша на македонски под својот уметнички псевдоним ZoomБула и ја издаде во издание на „Либра Скорп“ Бургас. Нејзин рецензент е Ѓорги Калајџиев.

Талентираната уметница Вили Колева (организатор на „Свето Слово“) подготви свое уметничко изненадување за литературниот празник.

Share

Настани

  • 13 Mar 2025 - 18:30

    На 13 март, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на ликовната изложба со наслов „Моменти“ на младата ликовна уметница Марта Патлиџанковска. Изложбата е составена од сликарски платна во голем формат, настанати во последните две години...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
  • 20 Mar 2025 - 18:30

    На 20 март 2025, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи јубилејниот концерт „20 години Баклава“ на групата Баклава во состав: Елена Христова (вокал, укулеле, композитор), Влатко Терзиски ( кларинет), Сашо Митев ( кавал, тамбура, гитара), Владимир Стојчевски (бас гитара),...

    КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31