Македонски и бугарски поети – учесници во 15-то издание на Мајските средби на словенските творци „Свето Слово“ Бургас ќе го претстават своето творештво во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Настанот ќе се одржи на 29 мај од 18:00 часот, како финален акцент на програмата на овогодишниот поетски маратон, кој секоја година се одржува во Бургас.
На настанот во КИЦ ќе прозвучат стихови на истакнатите и талентирани автори од Северна Македонија Даниела Андоновска-Трајковска, Соња Серафимовска и Ѓорги Калајџиев, а исто така и на бугарските поетеси Роза Бојанова и Наталија Недјалкова.
Роза Бојанова, која е меѓу основачите на „Свето Слово“ ќе ја претстави својата книга „Обратна гравитациjа“, која наскоро излезе во издание на „Макавеj“, Скопие, во превод на Бранко Цветкоски.
Наталија Недјалкова ќе чита од својата стихозбирка „Стапица за поетски соништа“, која ја напиша на македонски под својот уметнички псевдоним ZoomБула и ја издаде во издание на „Либра Скорп“ Бургас. Нејзин рецензент е Ѓорги Калајџиев.
Талентираната уметница Вили Колева (организатор на „Свето Слово“) подготви свое уметничко изненадување за литературниот празник.