На 14 jуни 2019 година, во Летното кино и сцена пред НДК во Софија, концерт одржа македонската џез-формација „Тони Китановски Трио“. Тие беа дел од СоФест 2019 година што се одржува под покровителство на Министерството за Култура на Република Бугарија и градоначалничката на Софија г-ѓа Јорданка Фандкова, а со скромна помош на КИЦ на РСМ во Софија.
Покрај нашиот бенд учество зедоа и Теодосиј Спасов со неговиот квинтет, Танос Ставридис од Грција, бугарската џез ѕвезда Хилда Казасјан и група „Акага“. Во извонредна атмосфера бевме сведоци на врвно музицирање и голем џез-сешн на бендовите од Бугарија, Грција и Северна Македонија.
Во текот на таа работна недела во градот Софија гостуваа и МНТ со претставата „Галеб“ од Чехов, во режија на Нина Николиќ со одличен прием кај софиската публика и групата „Суперхикс“ од Скопје, исто така со завиден концертен успех.