Од 5-ти до 7-ми Мај 2022 година, по две години не одржување, се одржа 13-тата „Македонска книжевна визита“, како дел од националната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија за претставување во КИЦ на РСМ во Република Бугарија.
Годинава беше претставен творечки портрет на поетот Зоран Анчевски од страна на Влатко Мартиновски, а поетесите (Н.Попова, С.Спасовска, Р.Бојанова, Н.Сарџовска, С.Мицева, Н.Нејалкова, П.Муканова, И. Дамјановски, Е.Авгинова, Б.Стојановска, М.Панајотова и Г.С.Јовиќ) од РСМ и РБ имаа заедничко поетско читање, а едновремено беше промовирана и книгата „Создавање“ од поранешниот амбасадор на РСМ во РБ, г-дин Марјан Ѓорчев.
Добитник на наградата (Македонски книжевен Дедал) на издавачот „Макавеј“ од Скопје, беше бугарскиот писател и преведувач Марјан Петров.
Настанот го отворија д-р Сашко Насев, Владимир Крстевски (в.д. амбасадор), а од име на „Макавеј“ се обрати д-р Владимир Цветковски, а од бугарскиот ПЕН - центар, најпознатата бугарска писателка г-ѓа Здравка Евтимова.