На 06.12.2018 година во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија се одржа јавно читање на кратките сценарија на младите македонски драматурзи Марина Трајковска, Артин Селмани, Јован Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски. Тие биле или се студенти на Факултетот за драмски уметности во Скопје, па како пандан нивните кратки сценарија ги читаа студентите од софиски НАТФИЗ „Крсто Сарафов“.
Со присуство на голем број гости, млади актери, режисери и писатели, младата македонска драматургија имаше извонредно претставување од страна на актерите Ѓорги Георгиев, Теона Димова, Благица Стоименова и Кристијан Ковачевски кои многу емоционално настапија и измамија бројни аплаузи.