На 7 октомври 2020 како дел од настанот Европска Ноќ на Литературата, кој е организиран од различните странски културни институти и амбасади во Бугарија, беше претставен романот „Излегов“ на о. Пимен. Од 18:00 до 21:30 часот во „MOVE.bg“ на ул. „Сердика“ 20 во Софија актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов читаа делови од романот пред публиката која се променуваше на секои 30 минути.
На 8 октомври со почеток од 18:30 часот во КИЦ на РСМ во Софија на ул. „Обориште“ 7 се одржа промоција на романот „Излегов“, кој беше претставен од преведувачката д-р Елка Димитрова, д-р Антон Баев и авторот о. Пимен. На присутните им се обрати и директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев.