На покана на КИЦ на РСМ во Софија, на 30 и 31-ви Мај 2021 година, во работна посета на Софија присуствуваше Министерката за култура на РСМ, д-р Ирена Стефоска, придружена од д-р Билјана Туџаровска-Ќупева (Шеф на кабинетот на МК) и г-ѓа Оливера Ливриниќ (ДС во МК).
Повод за оваа посета беше концертот на Софиска филхармонија со солист Симон Трпчески (како солисти настапија и Александар Краповски РСМ и Александар Сомов РБ) и билатералната средба со Велислав Минеков, Министер за култура на Република Бугарија.
Посетата помина во извонредна атмосфера и со конкретни резултати.