По тешкиот есенско-зимски период на 2020/2021 г. и ограничувањата заради пандемијата со Ковид-19, во Клубот на културните дејци (КДК) во Ловеч започна новата културна сезона за годината.
На 8 и 9 јуни тројца од најчитаните македонски писатели ќе гостуваат во Ловеч за Денови на македонската литература. Иницијативата е на издателство „Персеј“, сопственост на ловчалијата Пламен Тотев. Изборот на Ловеч не е случаен, затоа што издавачот на овие писатели е роден во Ловеч, многу го сака својот роден град и секогаш е подготвен да помага со иницијативи и да потпомага идеи од областа на културата. Во наредните два дена тие ќе ги претстават своите најнови романи, излезени на бугарски јазик, и ќе се сретнат со почитувачи на литературата во градот Ловеч. КДК благодари на Општина Ловеч за поддршката, како и на нивните партнери: Регионална библиотека „Проф. Бенју Цонев“ и Уметничката галерија „Проф.Теофан Сокеров“. Настанот ќе се одржи во Уметничката галерија на 8 и 9 јуни од 18 ч.
Првиот ден – 8 јуни од 18 ч. Сашко Насев ќе ја претстави својата книгата „Средби со ѓаволот“. Амбасадор во Канада, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, професор по Драматургија во Универзитетот во Скопје, најголемиот македонски драматург, чиишто дела се поставувани на многу меѓународни сцени – тоа е Сашко Насев. Неговата книга „Средби со ѓаволот “ вклучува краток роман – предизвик кон Булгаков и „Мајсторот и Маргарита“, како и неколку разказа.
Сашко Насев е еден од најистакнатите поддржувачи на идејата да се градат мостови меѓу Бугарија и Северна Македонија во областа на културата.
Вториот ден – 9 јуни, исто од 18 ч. Винка Саздова ќе го претстави својот роман „Вилино“. Македонската писателка разкажува за љубов и повторното откривање на животот. Интересен факт е дека една од главните хероини има бугарски прототип (Вили К’нева, сопственичка на популарното кафуле „Ајрон“ (IRON FE-26) во Ловеч, во непосредствена близост до Покриениот мост).
Винка Саздова е еден од најпродаваните писатели во Северна Македонија. Во Бугарија пред неколку години е издаван нејзиниот роман „Последниот чај“, издание на „Бард“ – исто со голем успех. Таа е сопственик на едно од најголемите издателства во Македонија – „Три“.
Јагода Михајловска Георгиева, која веќе гостувала во КДК со својот роман „Индиговиот Бомбај“ (изд. „Персеј“), веќе се има здобиено со многу читатели во Бугарија. Нејзиниот нов роман – „Манастир Фуентарабија“ и носи нова голема награда.