Во организација на КДК - Ловеч, Општина Ловеч и издателство “Персеј”, на 8 и 9 јуни се одржаа Денови на македонската книжевност во Ловеч. Беа претставени книгите “Средби со ѓаволот” од Сашко Насев, “Манастир Фуентерабија” од Јагода Михајловска – Георгиева и “Вилино” од Винка Саздова.
Во присуство на бројна публика, писатели, актери, музичари, интелектуалната елита, Деновите на македонската книжевност ги отвори градоначалникот на Ловеч, г-ѓа Корнелија Маринова.