На 17.06.2021 година, Премиерот на РСМ г-дин Зоран Заев, придружуван од Заменик премиерот на РСМ за евроинтеграции г-дин Никола Димитров, в.д. во Амбасадата на РСМ во РБ г-дин Владимир Крстевски и најблиските соработници од МНР на РСМ, беше во работна посета на КИЦ на РСМ во Софија, Р. Бугарија. Г-дин Заев од директорот на КИЦ на РСМ д-р Сашко Насев беше запознаен со работата и програмата на Културно-информативниот центар, ја посети библиотеката и галеријата и изрази задоволство од промовирањето на современата македонска култура во Република Бугарија. Едновремено истакна дека културата е едно од полињата каде што двете држави остваруваат добра соработка.