Младиот унгарско-бугарски сликар Адам Фекете гостува во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија. Талентираниот уметник остварил повеќе од осумнаесет самостојни изложби, а неговите дела се присутни во целиот свет – од САД, преку Белгија, Канада, Бразил и Русија, се до Унгарија и Бугарија. Во своето творештво бележи постојан напредок и како што истакна д-р Иво Пецов, ќе биде интересно да го следиме неговиот творечки развој во времето што доаѓа!
Изложбата ја отвори д-р Сашко Насев кој кажа дека КИЦ на РСМ секогаш ќе биде отворен за младите европски автори и дека нема поблагородно од тоа да бидат подржани во секоја прилика младите и талентирани уметници, а д-р Иво Пецов на естетички начин ја претстави изложбата „Моите мисли“.
На настанот присуствуваа новинари, поети, дипломати и пријатели на КИЦ на РСМ, а познатата бугарска поетеса и музичарка Роси Рос (мајка на Адам) исполни неколку сонгови од нејзиниот репертоар.
Младиот автор се заблагодари на КИЦ и задоволен од настанот изрази желба за поголема соработка.
Изложбата се одржа според се уште важечките услови за јавни собири во галерии и според Ковид правила!