На 5 јули, во Регионалната библиотека "Захариј Књажевски" во Стара Загора беше одржана вечер посветена на македонската култура.
На ова прво целовечерно претставување на нашата култура, актерите Иван Калошев и Тодор Тодоров од Драмскиот театар "Гео Милев" во стара Загора интерпретираа стихови на македонски и бугарски јазик од Ацо Шопов, Анте Поповски, Богомил Ѓузел, Веле Смилевски, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров.
Директорот на КИЦ на Р Македонија во Софија Васко Шутаров, на отворањето на оваа културна вечер, на Библиотеката во Стара Загора подари десетици книги и од авторите кои беа читани но и од други познати македонски писатели. Свое обраќање по повод вечерта на културата од нашата земја имаше и Снежана МАринова од име на Регионалната библиотека и претставници од Општина Стара Загора. Во продолжение на вечерта, беше отворена изложбата "Конекција 2" на која со свои дела се представија 13 македонски ликовни уметници, кои во моментов живеат и работат во Р. Бугарија.