На 18 мај 2022 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија беше претставена книгата „Утеха за голите“ од младиот македонски писател Давор Стојановски.
За книгата говореше Пламен Тотев од издателство „Персеј“, а Тања Попова која ја преведе книгата за бугарските читатели, читаше делови од романот, по што ги сподели своите искуства со преведувањето на ова литературно дело.
Присутните гости ги поздрави авторот кој одговараше на прашања за неговото дело, а потоа посетителите имаа можност да се здобијат со книга со посвета. Присутните гости ги поздрави и директорот на КИЦ на РСМ д-р Сашко Насев, а на авторот му посака многу успеси со неговото дело.