На 26 јули во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен се одржа третото и последно претставување на изложбата „Слобода?!“, составена од дела на 15 ликовни уметници од Северна Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба можеше да се види во Созопол и Ловеч.
Директорката на Уметничката галерија во Плевен, г-ѓа Цвета Кацарова се обрати со добредојде за присутните гости, како и за оние кои ќе имаат можност да ја посетат до 12 август 2022 година.
Кураторот на изложбата, д-р Иво Пецов се обрати кон присутните со поздрав од директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев, по што ја информира публиката за изложбата и проектот.
Свое обраќање имаше и уметникот, учесник во проектот Марјан Ѕингаров.