На 8 септември 2022 од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа промоцијата на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Книгата излезе од печат оваа година а преводот на бугарски јазик го направи Деница Проданова.
За литературното дело, во присуство на авторот Александар Прокопиев, пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија говореа издавачот Пламен Тотев, познатиот бугарски писател Алек Попов, а делови од книгата читаше режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика.
Со овој литературен настан КИЦ на РСМ во Софија симболично го одбележа Денот на независноста на македонската држава – 8 Септември.
Во име на Амбасадата присутните ги поздрави Вршителот на должност Амбасадор г-дин Владимир Крстевски и ја честита 31 годишнина од Независноста на Република Македонија.
Ѓорги Георгиев исполни неколку композиции во придружба на пијано од самиот Прокопиев, кои што публиката бурно и со воодушевување ги поздрави.