На 11 ноември 2022 во Читалиште „Славјанска беседа“ во Софија беше отворена изложбата на Снежана Коларова, соработничка на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, со која ја претстави својата љубителска ликовна дејност. Освен сликарските дела на Снежана Коларова беа изложени и керамички и сликарски дела на Валентина Јорданова, што ја прави оваа изложба нивно заедничко претставување.
Снежана Коларова работи најчесто со акварелни и акрилни бои, а исто така експериментира со комбинирани техники, комбинации со акрил и пастел на платно и дрво, изработува колажи на платно и дрво, работи и со други природни материјали, како камења и слично.
Валентина Јорданова ја завршила Приватната Академија за ликовни уметности „Жул Паскин“, со насока Сликарство кај професорот Николај Мајсторов. Работи во областа на сликарството и керамиката.