На 6 јуни 2023 во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија се одржа концертот „2+1“ на македонските музичари Стојан Димов, Нинослав Димов и Маја Поповиќ Караиванова. Пред концертот присутните ги поздрави директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев и амбасадорката на нашата земја Н.Е. Агнеза Руси Поповска, по што следеше шареноликата програма, со енергични и виртуозни изведби во совршен синхрон меѓу изведувачите.
Програмата беше составена од дела на Пит Свертс, Антонино Паскуљи, Бела Ковач, Феликс Менделсон, Педро Итуралде.
Публиката не остана рамнодушна на виртуозноста на македонските професори, ги врати на бис и го искажа својот восхит од музичката програма и професионалната изведба.
Концертот заврши во позитивна атмосфера со споделени надежи за идни музички средби.