На 7 април во Културноинформативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше отворена изложбата на акварели со наслов "(По)трагите на водатаАкварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија".
На изложбата во Софија беа претставени врвни дела од доајените на современото македонско сликарство, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски-Пандилов, Василие Поповиќ-Цицо, Михајло Шојлев и други.