КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска во КИЦ на РСМ во Софија

На 11 септември 2024 година во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа отворањето на ликовната изложба „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска.

Кон присутните гости на настанот се обрати директорот на КИЦ во Софија, д-р Васо Ристов, со што им посака добредојде на присутните и ги накратко ги запозна со биографијата и творештвото на авторката. Христина Зафировска се заблагодари на Министерството за култура за поддршката, на директорот, на Амбасадата во Софија, како и на вработените во КИЦ и публиката за нивното присуство и интерес.

Изложба „Циклус 19 II“ е составена од 23 дела во мал формат, насликани со акрилна техника и посветени на пандемијата од Ковид 19. Делата од творештвото на Зафировска беа претставени и со текстот на м-р Билјана Галоска, и со изготвениот каталог за оваа пригода.

Втората самостојна изложба на Христина Зафировска во Бугарија ќе остане отворена за посетителите до 2 октомври 2024 година.

Настани

11 Sep 2024 - 18:30

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, на 11 септември 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Циклус 19 II“ на ликовната уметница Христина Зафировска. Изложбата е составена од сликарски дела во мал формат, насликани со акрилни бои. „Циклус 19...

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31