На 16 ноември во галерискиот простор на македонскиот КИЦ во Софија, беше отворена изложбата "Ретро-секции" на ликовните уметници Јован Шумковски и Благоја Маневски. Настанот го отворија кураторот на изложбата Ана Франговска во име на Националната Галерија на Македонија во Скопје и директорот на Центарот Васко Шутаров. Поздравна реч пред бројната софиска публика имаа и двајцата познати македонски автори.
Јован Шумковски за изложбата во Софија се представи со дела од циклусот "Блиско минато и една антиципација" а Благоја Мaневски со цртежите "Немирот" и "Спокојот".