На 23 Јануари во 18,30 часот во галерискиот простор на КИЦ на Р.Македонија во Софија беше отворена ретроспективна изложба на плакати од настани организирани од Центарот во изминатите 10 години од своето постоење. Во 2015 година, Македонскиот културен Центар во Софија одбележува свој 10 годишен Јубилеј, а со оваа изложба на плакати официјално се отвори и јубилејната годишна програма на Центарот за 2015 година.
Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија работи од 27 Април 2005 година.
На првата од серијата изложби на ретроспективни плакати кои се дизајнирани од ликовниот уметник Иво Пецов, директорот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија Васко Шутаров ја претстави и културната понуда од Програмата за 2015 година.