На 6 Октомври во 18,30 часот, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата на проф. Ладислав Цветковски со наслов "Дигитални отпечатоци". Изложбата ја отвори директорот Васко Шутаров а публиката во Софија можеше да ја види во периодот од 6-16 Октомври. Ова е прво претставување на дела на проф. Цветковски во Софија а пороектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
Ладислав Цветковски работи како ликовен уметни, графички дизајнер и како универзитетски професор. Во текот на целото работно искуство интензивно работи , ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми во уметноста, а во последно време се фокусира на изразните можности на дигиталната технологија во визуелните уметности. Како резултат на тоа истражување се произлезени магистарскиот труд и изложбите во периодот меѓу 2012-2014 година. Во изминатиот период дизајнирал значајни монографски изданија, како и различни проекти за институциите од областа на културата и уметноста, Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, меѓународни институции и повеќе издавачки куќи. За Монографијата Икони од Музејот на Македонија ја добива наградата за најдобро дизајнирана публикација во 2004 година. Член е на ДЛУМ од 1990 година.