На 13 март 2014 г., пред бројна публика и љубители на ликовната уметност, беше отворена изложбата на позната ликовна уметница Касиопеја Наумоска во Софија. Културно-информативниот Центар на Р.Македонија беше организатор и домаќин на овој настан, на кој беа претставени 19 дела од циклусите "Раце и лица" и "Барајќи одговор". Изложбата ја отвори директорот на Македонскиот центар Васко Шутаров и истата ќе биде поставена во Софија до 7 април.
Ова беше прво самостојно претставување на Касиопеја Наумоска во Софија, која има реализирано 25 самостојни и преку 100 меѓународни и групни претставувања, а со оваа изложба ја обележува 20 годишнината од своето уметничко творење.