На 16 мај, во 18:30 часот во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, беше отворена изложбата "Аналогни асоцијации" од уметниците Мирјана Крстева Масети од Гевгелија (Р.Македонија), Христина Георгиева и Теодора Петева од Севлиево (Р.Бугарија).
Излжбата ја отвори директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, м-р Васко Шутаров а проектот беше поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.
Трите уметници изложуваа дела од областите во кои имаат специјализирано, цртеж, графика и скулптура од порцелан. Сите три имаат остварено бројни самостојни и групни изложби и во своите држави, но и во галерии низ Европа и САД.
Градовите Гевгелија и Севлиево од каде што доаѓаат трите уметници, се збратимени градови.