Во организација на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Р.Бугарија и Културно-контактните точки на Р.Македонија и Р.Бугарија, во салата "Сцена 17" во просториите на Министертвото за култура на Р.Бугарија, на 11 јуни во 14:00 часот беа промовирани литаратурни преводи на македонски јазик, остварени преку Програмата "Култура 2007-2013" на Европската Унија. Настанот го поздравија и прогласија за отворен, Амбасадорот на Р.Македонија во Р.Бугарија г-н Благој Ханџиски, Директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија г-н Васко Шутаров и Директорот на Дирекцијата "Културна политика" при Министертвото за култура на Р.Бугарија, г-ѓа Дејана Данаилова.
За можностите кои ги нудат европските фондови од културата преку компонентите на Програмата "Култура 2007-2013" информираа проект-менаџерите на културно-контактните точки на Р.Македонија и Р.Бугарија, г-ѓа Биљана Прентоска и г-ѓа Весела Кондакова. Искуствата од финансирањето на литературни преводи од македонска страна ги претстави г-н Горјан Лазаревски од книгоиздателството "Магор" од Скопје, инаку актуелен претседател на Здружението на книгоиздатели и книжари на Р.Македонија. На промоцијата беа поканети и бројни книгоиздателства и литературни преведувачи од Р.Бугарија, кои досега биле вклучени во проекти финансирани од Европската Унија
Преведените дела на македонски јазик од Програмата на Европската Унија, Културно-контактната точка на Р.Македонија ги поклони на библиотеката на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија.