На 29-ти Мај 2018 година во Музејот „Борис Христотв“, во Софија, како дел од програмата на Министерството за култура на Република Македонија, одржаа прекрасен концерт музичките уметници г-ѓа Александра Коцевска (мецосопран) и г-дин Глигор Гелебешев (пијано). Според задоволството на присутните колеги и реакцијата на публиката со бројни аплаузи и враќањето на бис, уметниците со својата програма и извонредниот настап оставија навистина силен впечаток пред пробирливата софиска публика и колегите музичари.