Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија од Скопје и со поддршка од Министерството за култура на Р.Македонија на 29 октомври во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена изложбата "Приказни од детството" од ликовниот уметник Ацо Таневски.
Изложбата ја отворија г-н Васко Шутаров-директор на КИЦ на Р.Македонија во Софија, г-ѓа Халиде Палоши-директорка на Националната галерија на Македонија од Скопје и Горанчо Георгиевски-куратор на изложбата.
Ацо Таневски со концептот "Приказни од детската соба" беше претставен во "Мала станица" во Скопје, минатата 2011 година. Учесник е на бројни групни изложби во Р.Македонија и странство, а со оваа изложба за прв пат самостојно е претставен пред публиката во Софија.
Изложбата е поставена во периодот 29 октомври, до 15 ноември 2012 година.