Во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Европска ноќ на музеите и галериите“, во рамките на изложбите и настаните организирани во град Пловдив, на 18 мај Културно-информативниот центар на Република Македонија се претстави со изложба на уметниците Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Перица Георгиев, Слободан Милошески, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Иво Пецов, кои се дел од групата автори од Р. Македониja, кои живеат, творат и завршиле академија во Бугарија.
Изложбата се отвори во „Малата ранохристијанска базилика“, во одличен амбиент, а во склоп на настанот беше прикажан (повеќе пати) и краткиот игран филм „Последните камбани“ на Николче Поповски.