На 29 мај, во големата сала на Националниот дворец на културата во Софија, се одржа гала-концерт "Балканот низ песни и ора", на кој настапија "Танец" oд Р.Македонија, "Филип Кутев" од Р.Бугарија и "Коло" од Р.Србија. Трите репрезентативни фолклорни ансамбли, низ тричасовна програма, пред бројна публика го презентираа најдоброто од фолклорот од своите земји.
Ансамблот "Танец" е најпознат и најрепрезентативен претставник на македонскиот фолклор, вистински амбасадор на македонската култура и уметност. Во своето 63 годишно постоење, имаат настапувано ширум светот, на сите континенти и добитници се на највисоки државни награди во Р.Македонија, како и на бројни награди и признанија од гостувањата низ светот. Ансамблот "Танец" и со својот настап во Софија, го потврди својот статус на вистински репрезент на најубавото од македонскиот фолклор.